И Бугарија размислува за забрана на увоз на украинско жито, изјави В.Д. министерот за земјоделство Јавор Гечев во Пловдив, цитиран од БНР.



Ставот доаѓа еден ден откако Полска и Унгарија објавија дека го забрануваат увозот на жито од Украина, што предизвика одговор од ЕУ.

Гечев потсети дека нашата земја уште во септември побарала реакција од Брисел. Министерот за земјоделство пред неколку дена оствари и онлајн разговори со колеги од шест земји.

Бугарските производители на жито со недели протестираат против увозот на украинско жито и организираат блокади, пренесува њуз бг.

Нивното барање се состои во укинување на регулативата на Европската комисија која дозволува бесцарински и неконтролиран увоз на земјоделски производи од Украина.

Нивно друго барање е да се изедначат субвенциите за бугарското земјоделство со оние на земјите членки на Европската унија.