Бетмен Велит за ,,Манџурискиот кандидат”: Кога лажеш правиш киксеви (ФОТО)

Водителот Богдан Илиевски алијас Бетмен велит го фатил моментот кога Оливер Спасовски тврди дека со запалена свеќа од Благодетниот оган во Ерусалим се придружил на верниците во Струмица и истовремено објавува слика на која се гледа дека неговата свеќа не гори.



,,Налет срамот за организаторот на делегациите за Ерусалим кој ја комуњаризираше „свитата“, тоа Горниот нека им суди, сепак ми е смешно како Манџурискиот Кандидат се фали дека е одбран од Бога и – нормално, кога лажеш – правиш киксеви”, пишува Илиевски.

Тој го нарекува Спасовски како ,,Манџуриски кандидат” според истоимениот филм во кој кандидатот за претседател е под контрола на мрачни сили кои имаат своја агенда спрптовна на народот кој го бира.

Спасовски веќе не негира дека планира да се кандидира за претседател поддржан од СДСМ и ДУИ.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0gxaDHyChqadoP49ogWvdSdds1AdknN2cprgpH4pg3jgf7GEWBGTwqR9vmkLJFbfMl&id=603272137&mibextid=Nif5oz