Притвор за лекарот-снимател што се „прослави“ на Тик-Ток

На 43-годишниот анестезиолог со иницијали А.Д., судот му одредил мерка притвор од 8 дена, поради тоа што „во живо“ на социјалната мрежа „ТикТок“ сподели снимки од Гинеколошкото одделение во тетовската болница, дознава неофицијално ТВ21.



Лекарот бил уапсен во петокот вечерта во селото Одер.

Директорот на болницата, Пелумб Вела, во саботата попладне соопшти дека е суспендиран од работа.

Министерот за сдравство Фатмир Меџити побара одземање на неговата лиценца за работа.