Начинот на финансирање на коридорите 8 и 10Д значи дека Македонија во наредниве десетина години колку што ќе треба да се позајмува од кредитори ќе плаќа секоја година меѓу 100 и 150 милиони евра за камати.
Тоа се парите кои беа потрошени за автопатот Миладиновци – Штип каде еден километар пат беше околу 4 милиони евра.
Момироски тргнува од каматите кои Македонија ги плаќа за Еврообврзница каде каматата е над 5 проценти а лесно може да дојде и до 7 проценти ако дојде до скок на каматите на светските пазари на пари и се влоши кредитниот рејтинг на земјава.
На една милијарда и 300 милиони евра краткорочни заеми тоа би значело најмалку 65 милиони евра годишно за камати.
Ако проектот достигне вредност од над две милијарди како што многумина прогнозираат и каматите пораснат за два проценти ќе се дојде до сумата за камати со која може да се изгради еден цел автопат, смета Момироски.






