Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска предизвикала скандал и гнев од домаќините на ,,Утрената богослужба” во храмот на Воскресение во Ерусалим.
Како што покажуваат фотографиите и видеото од настанот што ги сподели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски таа во Ерусалим се појавила со несоодветна облека.
Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска нема марама на лицето ниту и е покриено целото тело како што налага протоколот на Црквата.
Од другите објавени фотографии се гледа дека сите други жени имаат марами на главите и покриени им се сите делови од телото.
Костадиновска Стојчевска на настанот се појавила со фармерки кои се подвиткани и со патики што е навредливо однесување од официјалната делегација од Македонија.
Според извори во делегацијата на министерката и било посочено дека на церемонијата треба да биде соодветно облечена но таа и покрај протоколот се облекла несоодветно.
Поголем инцидент е избегнат затоа што домаќините не сакале да си го расипат настанот заради гостите од Македонија.
На Утрената богослужба чиноначалствувал Неговата светост патријархот Ерусалимски Теофил со архиереите на Ерусалимската патриаршија.
На богослужбата присуствувал и митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф кој со благослов и одлука на САС на МПЦ-ОА ја предводи црковната делегација.
Со благослов на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим.





