Ридван Ибраими, градоначалник на Арачиново вели дека Општината не им овозможувала на жителите да плаќаат данок.



Според Ибрахими, граѓаните не се виновни за неплаќањето данок досега бидејќи такво нешто не им овозможила општината. Вели дека процесот сега е започнат и дека досега се евидентирани 2091 куќи, 15% од кои веќе платиле своеволно.

Ибрахими изјави дека очекува отчет за лошото управување од поранешната администрација на општината, на лие чело беше градоначалничка Миликије Халими од редовите на СДСМ.

Ибраими е кадар на ДУИ.

Според државната ревизија, Општината во текот на претходниот мандат, не наплаќала даноци од граѓаните и од фирмите, советниците наплаќале надоместоци иако нема докази за одржани седници и нивно присуство, а на градоначалничката и бил отпишан долг кој требало да го покријат фискални сметки од угостителски објекти, кои, наводно, биле украдени.

„Конечниот извештај кој ми е доставен и на поранешното раководство на општината, дури лицата кои извршиле ревизија ми рекоа дека е навистина вознемирувачки и секако дека ќе имаме голем притисок од медиумите и граѓаните. Но треба да се објасни дека не е од сегашното раководство туку од минатото раководство“, вели Ибраими.