Бразилскиот претседател бара прекин на доминацијата на доларот

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ја критикуваше огромната улога на американскиот долар во светската економија и го нападна ММФ за време на официјалната посета на Кина.



Ветеранот левичар, чија влада неодамна објави договор со Пекинг за тргување во нивните валути – отфрлајќи го доларот како посредник – е во Кина за да ги зајакне врските со главниот трговски партнер на неговата земја и да ја пренесе својата порака дека „Бразил се врати“ како клучен играч на глобалната сцена.

„Потребна ни е валута, која може на земјите да им обезбеди поголема стабилност, бидејќи денес тие трчаат по доларот за да можат да извезуваат, а можат да извезуваат во сопствената валута“, истакна Лула.

Лула присуствуваше на инаугурацијата на поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф како директорка Новата банка за развој (НДБ) основана од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, познати како земји на БРИКС.

Лула наведе дека НДБ, со седиште во Шангај, има голем потенцијал „бидејќи ги ослободува земјите во развој од потчинување на традиционалните финансиски институции, кои сакаат да управуваат со нив“.

Според него НДБ може да им помогне на земјите во развој да станат помалку зависни од доларот и да ја финансираат трговијата во локални валути.

Бразилската Влада соопшти со Кина се очекува да бидат потпишани најмалку 20 билатерални договори.

Бразилско-кинеската трговија изминатата деценија бележи раст, за минатата година да достигна 150,4 милијарди долари.