Граничниот премин „Богородица“ изутринава е преплавен со автомобили кои чекаат за излез од Македонија кон Грција, јавува Макфакс.



Граничарите ги пропуштаат граѓаните во пет колони. Поминувањето оди бавно, а редицата на моменти е километарска.

Времето на чекање за да се помине граница е и по повеќе од еден час, јавува Макфакс.

Ова е единствениот граничен премин каде е забележана гужва од утринава. На Табановце, Пелинце, Дојран, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално.

Продолжениот викенд поради велигденските празници, голем дел граѓани ќе го поминат надвор границите на државата.