На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.



Од таму информираат дека патниот правец од с. Виничани до Градско во деновите од продолжениот празничен викенд (14, 15, 16, и 17 април) нема да биде затворен, но патниот правец е во изградба и брзината на движење е прилагодена на 40километри на час.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.