На двајцата осомничени дека се вмешани во киднапирањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, им е продолжен притворот, дознава ТВ24



Мерката им истече, поради што Обвинителството побарало негово продолжување.

Двајцата осомничени веќе еден месец во притвор, а се уште не е познато каде се наоѓа Самоил.

Од Обвинителството велат дека преземаат дејства и приоритет е пронаоѓање на исчезнатиот 26-годишник, а засега не соопштуваат детали од истрагата во јавност.

Костадиновски исчезна на 4 март, откако последен пат бил забележан во близина на Чешката амбасада, а неговото семејство тврди дека возилото со кое бил грабнат по три дена било пронајдено опожарено во Драчево.

За информација околу исчезнувањето на 26-годишниот Самоил Костадиновски семејството понуди и парична награда…