Села: Заев да формира министерство за носење бурек

Лидерот на Алијансата не го дава Министерството за здравство и не кажува дали ќе остане во владата, откако СДСМ веќе во јавноста објави свој предлог на испразнетото министерско место на Арбен Таравари.



„Ние остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ и да се омаловажува Алијансата за Албанците. Такво нешто нема да прифатиме. Изјави Зијадин Села по денешната средба со премиерот Зоран Заев на која се изјаснил дека партијата останува на своите ставови и сака и натаму да го задржи министерското место во здравство, пренесува Алсат М.

„Му дадов предлог на премиерот да стокми уште една позиција за што би било заменик премиер за носење бурек и после таа позиција ќе ѝ ја дадам на ДУИ за да именуваат некој нивен министер. Ние остануваме на нашите ставови  дека ќе го задржиме Министерството за здравство  и нема да правиме договори и наддоговори. Договорот за формирање Влада е направен кога се направи Владата“, изјави Села.

Не е познато каков бил одговорот на Заев, а Села ги упатил новинарите одговорот да го побараат од премиерот. не кажа што му одговорил Заев на ова негово барање и посочи одговорот да го побараме од премиерот.

Тој не кажа дали Алијансата на Албанците останува во Владата или не, туку рече дека тие остануваат во процесите на реформи и оти ќе продолжат да ги поддржуваат.

Тој уште еднаш потврди дека кандидат на Алијансата на Албанците за министер за здравство е Вулнет Ферати.

Села реча дека Партијата ќе заземе став доколку во собранието стигне предлогот за министер што веќе се појави во јавноста.

Сепак изрази надеж дека министер за здравство ќе биде од Алијансата на Албанците „бидејќи на таков начин премиерот ќе се покаже сериозен и ќе докаже дека не потклекнува под притисоци кои некој му ги прави за да игра политички игри“.