Еден од најдобрите шутери во светот на ракометот и член на Вардар, Вуко Борозан синоќа доживеа сообраќајна несреќа во близина на Цетиње, а денеска се огласи за црногорските медиуми, истакнувајќи дека има причина да биде и среќен и, но и загрижен.
„Добро сум денеска, далеку подобро од вчера. Според лекарите ќе мора да паузирам околу три недели, а потоа ќе видиме какви последици ќе останат“, вели веселиот Вуко кој на оние што контактирале со него им делува, барем така пренесуваат, весело, поради тоа што минал без поголеми и посериозни последици.
Според тоа бекот на Вардар би можел да се појави во мечот на 15 јануари во Загреб меѓу неговата Црна Гора и Македонија од второто коло во групата Ц на Европското првенство.
Борозан инаку е избран за најдобар спортист на Црна Гора во 2017. година, а признанието стаса во денот во кој тој го доживеа сообраќајниот инцидент што само делумно му го наруши расположението. Вуко како типичен Црногорец ужива во почестите и признанието.
„Ова сигурно е мојата најдрага награда во најдобрата година во мојот живот. Покрај добрите резултати со Вардар и репрезентацијата, неодамна и се оженив, па ова е најубавиот подарок за мојата венчавка“, изјави Борозан примајќи ја наградата и притоа нагласувајќи дека ќе биде уште подобар во годините кои следат.