Муцунски го најави почетокот на изградбата на паркот „Радост“

Муцунски: Започнуваме со изградба на паркот „Радост“  реализација на ветување од кампањата и симбол на хумана урбанизација на општина Аеродром

За нас денес во Општина Аеродром е многу среќен ден, почнуваме со подготвителни активности за изградба на нов парк од близу 6 000 метри квадратни парк „Радост“ симбол на едно ветување кое што го дадовме уште на почетокот на нашата кампања а тоа е дека во општина Аеродром ќе има хумана урбанизација, изјави градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.



-Тоа што ме радува е дека овој парк е и доказ дека може да има севкупна општествена соработка кога се работи за вакви значајни проекти за граѓаните, се работи на заедничка инвестиција на општина Аеродром четри општествено одговорни компании неколку невладини организации кои што се вклучени во процесот на поддршка и делегацијата на ЕУ преку еден од своите фондови ни додели грант, за да можеме да го реализираме тоа што по мене ќе биде веројатно најубавиот и најсовремениот парк на територија на Град Скопје, појасни Муцунски.

Ќе повторам уште еднаш, да продолжиме ние да реализираме вакви проекти кои што се насочени кон поубаво живеење на територија на општина Аеродром, рече Муцунски.