За 900 евра, место да слави Божик, Македонка во затвор во Германија

Откако беше уапсена од сојузната полиција во вторникот навечер, 27-годишна жена од Македонија нема да има убав Божик, ниту пречек на Нова година во Германија, јави порталот „24 таг“.



Македонката се појавила на пасошка контрола на аеродромот во Хан, 127 километри од Франкфурт, каде што пристигнала со лет од Скопје.

При прегледот на личните податоци, службените лица утврдиле дека за неа е издаден налог за апсење од јавниот обвинител на регионот Аурих за извршување казна за повеќекратна кражба.

Бидејќи таа не можела да ја плати потребната казна од 900 евра, македонската државјанка сега ќе ги помине празниците во затворот Рорбах, каде што ќе отслужи вкупно 60 дена затвор.