Орвиот вице-премиер Артан Груби вели дека ако се изгласааат законските измени на сетот таканаречени „Бехтел-Енка“ закони проектот ќе трае пократко и ќе чини помалку. Во спротивно ќе чини поскапо и ќе се гради подолго.
Изјавата е во врска со реакцијата на опозициските партии и на експертите дека Макердонија ќе треба да плаќа тешки милиони евра пенали доколку навреме (45 дена опо потпишување на Договорот за коридорите 9 и 10д) не ги направи измените со што меѓу другото ќе треба да се доволи 60-часовна работна недела за работниците на автопатите што е спротиувно на Уставот.
„Имавме разговори со Уставни експерти и пратениците како да можеме да се направи, како држава одговорна да чини помалку“ – рече Груби.
Првиот вицепремиер и координатор на изградбата на коридорите 8 и 10д на денешниот брифинг со новинарите информираше дека договорот со компанијата „Бехтел и Енка“, која треба да ги гради автопатите нема да биде објавен во јавност, затоа што е класифициран како бизнис тајна.
За реракциите околу 60 часовната работна недела Груби рече дека доколку нема доволно работна сила во земјава, таа ќе се увезува од странство и никој нема да ги тера нашите работници да работат со сила.
Присутни владини претставници на денешниот брифинг беа првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, директорката на Управата за имотно правни работи, Шасине Касами, директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за финансии.
Според „математиките“ , 4,7 години е рокот за завршување на автопатите доколку се усвојат законските измени.






