МКД: Што се крие во тајниот договорот со Бехтел и Енка што го крие владата

Какви безбедносни информации крие договорот за автопатите, па Владата не го објавува
Наместо Владата на Република Македонија да одговори на прашањата што вчера наутро ѝ ги испрати МКД.мк за да каже зошто договорот со американската компанија „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатиштата е таен и не го дава на увид на јавноста, таа вчера доцна поладне ни испрати одговори кои воопшто не соодветствуваат на прашањата што ги испрати нашата редакција.



Во официјалниот допис МКД.мк ја праша владата зошто договорот за изградба на автопатиштата долж коридорите 8 и 10д е таен, според кои законски прописи договорите што ги склучува Владата, а особено оние што се финансираат со пари од Буџетот, се тајни, кои точно договори што ги склучува владата се тајни, а кои не, и од што зависи дали еден договор што го потпишува владата ќе биде таен или не.

Наместо одговори на овие прашања, од владата за Мкд.мк дале објаснување за измените во Законот за работни односи што се пред Собранието на одлучување и една реченица за договорот што Владата го потпиша со компанијата „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатиштата долж коридорите 8 и 10д.

За кој било документ да биде недостапен за јавноста, тој треба да биде означен како документ што е заштитен со степен на тајност, односно информациите содржани во него мора да бидат означени како класифицирани информации.

Според истиот закон, „документ“ е секој пишан текст, нацрт или скица, репродукција, копија, фотографија, аудио, видео, магнетски, електронски, оптички или друг вид запис во кој се содржани информации.

Но Законот за класифицирани информации пропишува и кога и под кои услови една информација не претставува класифицирана информација.

Од владата засега нема објаснување дали во договорот има информации со кои се штити јавната безбедност, одбраната, надворешните работи или безбедносни или разузнавачки активности на државата, па оттука тие не може да бидат споделени со јавноста, пишува Искра Опетческа за МКД.мк.

Целиот текст на овој линк