Од Влада лути на Пендаровски по критиките за зголемените функционерски плати

На шефот на државата му се налутиле од Влада затоа што го критикуваше зголемувањето на функционерските плати за 78 отсто, по одлука донесена од Уставниот суд.



„И тоа во она што не беше јавно, туку во приватна комуникација со првите луѓе на владата. Таа одлука ви кажувам како граѓанин, а не како претседател, не може да се брани. Во време кога имате кризи кога замрзнувате продукти.

Разговарав со премиерот и ургирав колку е можно побрзо да се изгласа тој предлог закон“, рече претседателот Стево Пендаровски во интервју за Сител, мислејки притоа на најавите од Влада со предлог закон да ги намалат коефициентите со кои се пресметува функционерската плата.