Државната „МЕПСО“ во улога на Дедо Мраз – им простил 14 милиони евра на трговците со струја, покажува најновиот ревизорски извештај. Пред стартот на енергетската криза, за потребите на овие трговци, преносниот систем влечел струја од Европската мрежа. За количините, 4 компании од Мепсо добиле фактура во висина од 15 милиони евра. Наместо да ги наплатат, истите со одлука на Управниот одбор во компанијата, биле отпишани.

Уште на почетокот на енергетската криза МЕПСО за потребите на трговците со струја количините ги влечела од европската мрежа. За тие количини на четири фирми трговци доставила фактури со вкупен износ од 15 милиони евра. Но Управниот одбор на компанијата донел одлука долгот да се отпише. Го книжеле како сопствен трошок кој потоа го прикажале во Регулаторната комисија за енергетика со што овие пари имаат влијание при утврдување на крајната цена која ја плаќаат домаќинствата.
Ревизорите сметаат дека треба да се преиспитааат ваквите постапки во државните компании кои работат за јавниот интерес, а потпишуваат менаџерски договори со права кои произлегуваат од договори за работни односи само кога се оди во пензија.
Државната ревизија открива дека раководителите во МЕПСО (директорите и членови на Управниот и надзорен одбор) имале менаџерски договори за да земаат отпремнина во висина од 12 месечни нето плати на ниво на компанијата, по заминување од функцијата. Двајца членови на Управниот одбор ја тужеле МЕПСО во 2021-ва и добиле како оштета над 37.000 евра.





