Дури 5.900 Албанци аплицирале – прв пат – за азил во некоја од земјите на ЕУ, само во периодот јули-септември годинава соопшти Еуростат.
Со оваа бројка, Албанците се рангираат високо на листата на најбројни баратели на азил, оставајќи ги зад себе земјите во кои се води војна или земјите од таканаречениот „трет свет“.
Најмногу барања за азил се направени во Германија, Италија и Франција.
Големиот број барања за азил од Албанци стана една од главните грижи во Франција, Холандија и Луксембург.
Сите овие држави ја прогласија Албанија за безбедна земја на потекло, а тоа директно укажува дека секое барање на азил од страна на од албански државјани ќе биде одбиено.
Пред неколку недели, Франција и Холандија најавија разгледување на можноста за враќање на визниот режим за граѓаните на Албанија поради големиот број баратели на азил.




