Лидерот на Беса и актуелен градоначалник на општина Тетово, вели дека се можни предвремени избори годинава, а тоа ќе зависело од тоа дали ќе се направат уставни измени.
„Верувам дека уставните измени ќе се направат годинава. Која Влада ќе ги направи овие измени, тоа е друга тема.
Можни се предвремени избори“, истакна Биљал Касами во синоќешното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Според него Владата треба да прифати дека со оваа политика не може да се постигне мнозинство.
„Ако оваа влада е заинтересирана да ги направи уставните измени и да го продолжи патот кон ЕУ, мислам дека со договор на лидерите може да се обезбеди мнозинство за уставните измени“, смета Касами.
Касами вели дека албански гласачи со опозициско убедување ќе се доближат на Движењето Беса, откако и Алијанса за Албанците стана дел од Владата.







