Плусинфо ги прашува македонските потписници на договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ – дали наведените 53 милиони евра пенали само за една ставка од договорот се точни и зошто прифатиле ваков услов во договорот, знаејќи дека законските измени ќе доведат до дискриминација и нерамноправен третман на работниците на пазарот на трудот, што може да биде основа тие, ако се усвојат, утре да бидат поништени од страна на Уставниот суд?
Плусинфо располага со фотографии од најважните делови од Договорот за Коридорот 8 (Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – делницата на експресниот пат Ќафасан) и Коридорот 10 (експресниот пат Прилеп – Битола).
,,Исто така, располагаме и со фотографии од еден од придружните документи насловен како Schedule 18 – Qualifications and Assumptions. Овој документ е важен во поглед на она што ќе се случува на седницата на Собранието”, пишува порталот.
Повеќе на овој ЛИНК





