Апелацискиот суд во Солун, го одложи за идниот петок донесувањето на одлуката за екстрадицијата на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујевски, и на неговиот колега од УБК, Никола Бошковски.
Расправата, која на барање на адвокатите на одбраната се водела зад затворени врати, била прекината, пренесе АНА-МПА.
Грујовски и Бошковски, осомничени во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО, по кои беше распишана и меѓународна потерница беа уапсени во средината на октомври на аеродромот во Солун при пасошка контрола кога било утврдено дека се обиделе да поминат со фалсификувани бугарски пасоши и да отпатуваат во Будимпешта.
Двајцата ги негираат обвиненијата против нив и бараат да не бидат испорачани во Македонија поради, како што пренесе грчкиот сервис на Си-ен-ен, „страв за нивниот живот“ и неможност за „фер судење“ во нивната татковина.
Притворените остануваат во притвор, а во меѓувреме чекаат дали ќе им биде одобрено барањето за азил од грчките власти.





