Тибетскиот духовен водач, Далај Лама е снимен на видео како бакнува младо момче во уста на будистички настан и му вели „цицај ми го јазикот“.
Ова предизвика вознемиреност и бес на социјалните медиуми. За некои, ова е слично на педофилија.
Сепак, неговите следбеници и симпатизери тврдеа дека постариот будистички монах „се шегувал“ со момчето.
Сепак, жртвите на сексуална злоупотреба на деца тврдат дека таквата постапка од моќно возрасно лице е сериозна работа.
Во соопштението од понеделникот, канцеларијата на Далај Лама соопти дека неговото Свештенство „сака да им се извини на момчето и неговото семејство, како и на неговите многу пријатели ширум светот, за повредата што можеби ја предизвикале неговите зборови“, додавајќи дека „жали“ за инцидентот пренесе Си-Ен-Ен.
„Неговата Светост често ги задева луѓето што ги среќава на невин и разигран начин, дури и јавно и пред камерите“, се вели во соопштението.
Неговото извинување доаѓа откако видеото од настанот, што се случи за време на настан во градот Дарамшала во февруари, стана вирално на социјалните мрежи со многу корисници кои ги критикуваа постапките на Далај Лама.
На видеото може да се види како младото момче се приближува до Далај Лама, инаку добитник на Нобеловата награда за мир, пред да го праша: „Можам ли да те гушнам?
87-годишниот духовен водач потоа го поканува момчето на сцената и му покажува на образот и вели: „Прво овде“, поттикнувајќи го момчето да го прегрне и бакне.
Потоа Далај Лама покажува кон неговите усни и вели: „Тогаш, и овде“. Потоа ја повлекува брадата на момчето и го бакнува во уста.
„И цицај ми го јазикот“, вели тој по неколку секунди, исфрлајќи го јазикот.
Идентитетот на момчето не е познат.







