Викендов во Белград се одржа 11 Април Гранд При, еден од најсилните пливачки квалификациски наторевари во регионот. На натпреварот учествуаа повеќе од 40 клубови и 750 пливачи во јуниорска, сениорска и мастерс категорија.

Пливачите на Аква Про освоија 5 златни и 2 бронзени медали. Во апсолутна сениорска конкуренција 2 златни медали освои нашата најдобра пливачка Ева Петровска во дисциплините 800 и 400 м слободно постигнувајки личен рекорд и највреден резултат во моментов. Во мастерс категорија Мартин Стефановски освои злато во дисциплината 50м слободно, Сотирчо Трајковски злато во 50м делфин и Весна Трајковска Штерјов исто така златен медал во 50 м градно исполнувајки норми за престојното светско првенство кое ќе се одржи во Јапонија оваа година.

Во јуниорска категорија, Павле Стојчески во дисциолината 100м слободно освои бронзен медал, а Анџело Дически во категорија помлади од 10 годни во дициплината 50 м слободно.



