Спасувачите ја прекинаа потрагата бидејќи никој повеќе не се смета за исчезнат, изјави портпаролот на регионот Горна Савоја, Емануел Коканд.



Лавината се случила вчера на глечерот Амансет.

Коканд не сакаше да го коментира идентитетот на шестмината загинати.

Локалните медиуми објавија дека двајца од загинатите се водичи во планина, а другите четворица нивни клиенти, сите Французи, меѓу кои и една млада жена и маж на 20-годишна возраст и пар во четириесеттите.

Коканд рече дека скијале надвор од патеката кога се случила лавината.

Лавината зафати површина од 1.000 Х 500 метри, на надморска височина од 3.500 метри, рече тој и додаде дека се истражуваат причините.