Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош. Ова го посочуваат податоците на Комисијата за бугарско државјанство до претседателот, пишува бугарскиот портал „Сега“.
Минатата година 356 Руси земале бугарско државјанство покажува последниот извештај на Комисијата. Меѓутоа, војната што Русија ја започна во Украина не влијаеше на досегашните трендови.
Имено, во 2021 година, 479 граѓани на Руската Федерација добија бугарски пасош, што ги отвора вратите за ЕУ. Една година претходно нивниот број беше 485.
Русите се само на седмото место меѓу луѓето кои добиле бугарско државјанство во текот на минатата година. Повторно на врвот на табелата се Македонците со 1.992 добиени пасоши. На второ место се Украинците – 1.639, потоа Турците – 1.290, Србите – 556 и Албанците – 517.
Пред Русите се и Молдавците со 476 добиени пасоши.







