Илон Маск не сака да го цензурира Медведев

Американскиот претприемач Илон Маск и сопственик на Твитер одби да ја избрише објавата Дмитриј Медведев на социјалната мрежа дека „Украина ќе исчезне, бидејќи никому не е потребна“, пренесува ТАСС.



Американскиот милијардер, кој го купи Твитер одговори дека сите вести до одреден степен се пропаганда и луѓето треба сами да одлучуваат.

Тој нагласи дека неговата платформа нема за цел да ги ограничува или рекламира профилите на руските државни субјекти.