Украина има муниција само до мај!?

Протоввоздушната одбрана на Украина ризикува да остане без проектили и муниција во наредните недели, се дознава од протечените тајни воени документи на Пентагон, кои датираат од февруари, а кои протекоа на Интернет, пишува Њујорк Тајмс.



Еден од документите, датиран на 23 февруари и означен како „тајна“, во детали опишува дека способностите на украинските системи за воздушна одбрана С-300 од советската ера ќе бидат исцрпени до 2 мај со нивната сегашна стапка на употреба.

Не е јасно дали украинските сили оттогаш ја ограничиле нивната употреба.