Две тела се пронајдени под урнатините откако експлозија срамни со земја станбена зграда, а властите соопштија дека уште шест лица се водат како исчезнати.
Од пожарникарската служба информирфаа дека со оглед на тешкотиите на интервенцијата, извлекувањето на телата од локацијата ќе потрае.
Експлозијата се случи во населбата Ла Плејн, во неделата, неколку минути по полноќ, кога се урна првата зграда, а втората рано утрото.
Подоцна делумно се урна и трета зграда. Пет лица се здобија со полесни повреди, а околу 200 луѓе морале да се евакуираат од своите домови кои се сместени во локално училиште.







