До последен момент: Партиите не предложија претставници за уставните измени!?

Ниту една од политичките партии не предложила свој претставник во работната група за измени на Уставот, а рокот кој Министерството за правда го постави преку писмо до институциите и политичките партии за предлагање претставници истекува денес.



Писмото од Правда беше е испратено минатиот вторник, а во групата се поканети да учествуваат експерти од областа на уставното право.

Претседателот Стево Пендаровски во четвртокот потврди дека негов претставник во работната група за уставни измени ќе биде професорот на Правниот факултет, Александар Спасов, кој е и негов правен советник.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека најдоцна до понеделник ќе биде утврдено и објавено името на претставникот од Секретаријатот кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени.

Тој ги повика политичките да учествуваат во разговорот за процесот на уставни измени.

Во уставот треба да се сменат преамбулата и две точки, бидејќи се очекува покрај Бугарите да бидат вклучени уште три национални заедници.