Потрошувачката кошничка од ден во ден се поскапа, парата се поневредна – ќе ја заузда ли некој двоцифрената инфлација?!

За разлика од лани сега трошоците за живот за едно семејство се зголемени. За една година потрошувачката кошничка за едно четири члено семејство е повисока за речиси 15 илјади денари. Во февруари за живот на едно семејство му биле потребни 50.909 денари. Во однос на јануари трошоците биле зголемени за 110 денари.



Повторно најмногу пари на граѓани им се потребни за набавка на храна, и тоа нешто над 19 илјади денари. Потоа следуваат трошоците за  подмирување на режиските трошоци, за превоз, за здравствени услуги, посета на културни манифестации, и набавка на облека и обувки.

За граѓаните – нема разлика во паричникот, и кога замрзнаа цените на овошјето и зеленчукот. За државата, ова е начин да се издржи периодот на целосна зависност од увоз, а за граѓаните само блеф и ПР на надлежните, затоа што во паричникот велат – нема разлика.

Претходно, Владата донесе одлука да ја ограничи цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, да се замрзнат и цените на млекото, млечните производи, тестенините, дел од хигиенските производи, јајцата и оризот. За експертите и за ССМ, мерката за замрзнување е задоцнета додека потрошувачката кошничка е сѐ поскапа.