Охридските хотелиери ќе ги пречекаат гостите со услуги поскапени за над 30 отсто за претстојниот велигденски викенд, пренесува ТВ24.
Причина за ова се високите цени на производите, енергенсите, но и на повисоките плати за персоналот, што газдите мораат да ги обезбедат за да ги задржат работниците. спонзорирано
„Покрај сите поскапувања кои ги имаме, на Балканот сме уште една од поевтините дестинации. Нема повеќе 20 и нешто евра за ноќевање, туку е 30 и нешто евра, а некаде и повеќе“, вели претседателот на Хотелско-ресторантерско-туристичката асоцијација на Македонија, Крсте Блажески.
Иако владата ги замрзна цените на прехрамбените производи, ова нема да допринесе за намалување на цените на ноќевањето бидејќи трошоците се зголемени поради енергетската криза.







