Актерот Сашо Тасевски со осврт за најновата, кој знае која по ред, кампања на СДСМ, овојпат под слоганот „Рамо до рамо“.



„Народе, сега штом се појават меѓу вас Таче и министрите тачевци со тие црвените елечиња ко ‘Кликни, јади’ да ви се лигават за гласови, прашајте ги ова:

Убав ли е животот откако си покачија плати за 78 проценти?

Како е да си меѓу народот кога си покачија плата самите на себе за плус 1.000 евра?

Колку јајца трошат месечно со 3.000 евра плата?

Дали воопшто јадете јајца и макарони по покачувањето или гладувате по ресторани?

Еве прашање и од пензионерите: Зошто вие на 1.500 евра плата си покачивте 1.000 евра, а нам пензиите од 300 евра ни ги покачивте за 15 евра?

Сакам да кажам никому драг Таче, нема што да барате меѓу народот. Седете си на јајцата во штаб, штедете од покачувањето, чувајте пари и сила за голготата што ве чека по изборите.

И да ви шепнам нешто што оние околу вас, ко Неџат дилајлана, никогаш нема да ви го кажат: Народот ве мрази како никој пред вас“, коментира Тасевски на Фејсбук.