Неа Демократија: Владата нема позиција „за името на Скопје“

Напад врз актуелната влада во Атина, дека нема јасна позиција за новиот договор „за името на Скопје’, денес дојде и од портпаролката на најголемта грчка опозициска партија, „Неа демократија“.



Марија Спираки, портпарол на НД, ја наметна дилемата дали шефот на дипломатијата Никос Коѕиас, кој наводно е поддржан од (сите-н.з.) други, има или нема поддршка од министрите на владејачката Сириза, која е поголемиот коалициски партнер на помалата националистичка партија  „Независни Грци“ на Панос Каменос во сегашната влада.

„Оваа ужасна ситуација е опасна за интересите на земјата. Ги повикуваме владините партнери да се согласат и да се договорат за позицијата што треба да ја презентираат“.

Пораката е упатена до Ципрас и особено до Панос Каменос кој се покажа како „камен на сопнување“ за договор за идно име за северниот грчки сосед. Лидерот на националистичката „Независни Грци“ ја отфрла секоја можност во името „на Скопје“ да биде содржан зборот „Македонија“ кој, според негобил „грчки термин“.

Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, објави на „Твитер“ дека Панос Каменос, кој сега се противи на спомнување на зборот „македонија“, пред самитот во Букурешт дури на два пати гласал за сложено име за надминување на спорот. Каменос, наспроти сите други, го прифатил тој збор и со географска одредница и со тој став отидовме воБукурешт, напиша Бакојани.

Позицијата на Грција пред самитот на НАТО во Букурешт била „сложено име за сите употреби”, додаде Спираки.