И учениците од скопско Булачани ќе добијат спортска сала (ВИДЕО)

Во Основното училиште „Наум Охридски“ денеска почна изградба на спортска сала, инвестиција на општината од 32 милиони денари. 



Градоначалникот на општина Гази Баба порача дека децата конечно ќе имаат место каде ќе можат да спортуваат и да ги реализираат часовите по физичко и здравствено образование.

Вкупната вредност на проектот е 32 милиони денари.