Без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај откако непознати лица од селото Грчец бесправно сакале да се приклучат на електричната мрежа и притоа предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем, соопштија од Електродистрибуција.
„По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија.
Вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот.
Во моментот Електродистрибуција е на терен со придружба на полиција и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници“, соопштенија од Електродистрибуција.







