Јагнешко за Велигден колку да замириса, зашто цената стаса до плафон. Сточарите се бесни зашто месарниците го продавале месото од 500 до 550 денари за килограм, а од нив го купувале за околку 200 денари килограм жива мера. За потрошувачите, велат, тоа е скапо, зашто за да испечеш јагнешко и да има доволно на трпезата, мора да се купи барем два, три килограми, цена која надминува 1.600 денари, велат сточарите. Се жалат дека не било фер други да се богатата на нивни грб, во време кога нема доволно јагниња, ниту пак сточари кои би ги чувале. И оние малку што останале размислувале да продадат се, зашто државата не прави ништо за да ги заштити.

Фармерите алармираат дека трошоците за одгледувањето јагниња биле многу високи, а од година во година трендот се намалувал се повеќе, пред се зашто немало млади сточари.
И додека Македонија се соочува со недостаток на домашно месо и намалување сточниот фонд, граѓаните со душа чекаат да дојде празник за да се омрсат, ама пред месарниците пресметуваат што попрво да купат. Некои земаат само јагнешки дроб, други ќе купат месо, оти, како што велат, еднаш во годината е Велигден.





