Алтернтива нема да учествува во работната група за подготвување на уставните измени по поканата на Министерството за правда, за што рокот за именување претставници од партиите истекува во понеделник.



И партијата на Трајанов не сака да учестува во промена на Уставот

„За нас не може да има работни групи за составување или подготовка на уставните измени без да има претходно политички консензус помеѓу политичките партии за поддршка на тие измени, преку кои треба да се отвори патот за интеграција на земјата во Европската унија“ соопштија од партијата.

Во продолжение се вели дека Алтернатива не може да седне на иста маса и да дискутира на оваа тема со партии кои уште не се изјасниле за нејзиниот предлог-амандман за борба против политичката корупцијата.

„Ако некој сака да ја види Алтернатива како дел од тие дебати, првин треба да понуди реална можност за политички консензус, а како второ на дневен ред да биде нашиот уставен предлог-амандман за борба против корупцијата“, сѝоопштија од партијата.