Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја отфрли можноста за преговори за прекин на огнот меѓу Русија и Украина во овој момент.
„Русија треба да дојде до точка каде што е подготвена да влезе во конструктивни преговори“, рече Блинкен во интервју за германската медиумска група „Функе“, пренесе Њуз.бг.
„За некои, идејата за прекин на огнот може да биде примамлива, и јас го разбирам тоа, но ако се сведе на вистинската ратификација на руското заземање на голема украинска територија, тоа нема да биде праведен и траен мир.
Русија може да ги прегрупира своите трупи и по некое време повторно да нападне“, изјави американскиот државен секретар.
Блинкен претходно предупреди дека контраофанзивата на вооружените сили на Украина би можела да започне во наредните недели“.
Тој исто така додаде дека се додека руската агресија продолжува, западните земји „ќе одржуваат невиден притисок на санкции и контроли врз рускиот извоз“.
„Постојат две цели за многу пријатели и партнери на Украина“, рече Блинкен.
„Првата е да направиме се што е во наша моќ за да и помогнеме на Украина да продолжи да зазема територии. Ова вклучува контраофанзива, која веројатно ќе започне во наредните недели“, рече тој.
„Второ, Киев мора да биде поддржан во градењето на својот потенцијал на среден и долг рок“, рече американскиот државен секретар.







