Екс директорот на ЕСМ сака да оди за амбасадор но може да заврши в затвор

Екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој си даде оставка за наводно да се посвети на неговите деца сака да оди за амбасадор предложен од владата.



Дестинацијата на која Ковачевски сака да ја продолжи својата кариера по контроверзното управување со македонската државна енергетика е Париз.

Ковачевски според извори блиски до владата барал да замине за амбасадор во Париз откако ова место остана испразнето по скандалот со рускиот шпион Онишченко кој доби макеоднски пасош а вината за тоа е најдена кај екс директорот на АНБ Виктор Димовски.

Димовски не замина во Париз откако и домаќините и други земји членки на НАТО сугерирале дека е врвен идиотизам во една од главнире дестинации на алијансата да се испрати човек што дал државјанство на руски агент близок на Путин.

Ковачевски помислил дека по низата скандали и направените ,,тендер услуги” на повеќе луѓе во врвот на власта може да замине за амбасадор но не пресметал дека истите тие луѓе што начелно му ветиле дека тоа е можно имаат информации за негово кривично поведение и прогон.

За учество во најмалку еден случај на рекет во РЕК Битола наскоро Ковачевски може да заврши в затвор, коментира упатен во предметот кој се истражува од обвинителството каде има непобитни информации за криминал од високи размери.

Алсат: Ковачевски си даде оставка, ОЈО две години води предмет против него