На неограден градежен простор на улица Македонија, каде е во тек пренамена во хотел на зградата на некогашниот „Технометал-Вардар“ во строгиот центар на Скопје, паѓаат плочи, стакла, цигли и железа…
Градежниот шут им паѓа на минувачите буквално на глава и чудо е што некој не настрадал посериозно, велат вработените во соседните згради, институции за СакамДаКажам.
Уште во октомври, од Општина Центар рекоа дека интервенирале, односно инспектори излегле на терен и ѝ изрекле опомена на фирмата „Буши фешн“.






