Бехтел и Енка нема да плаќа данок, царина и акцизи

Група пратеници од власта во Собранието поднесе предлог за измени на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање за имплементирање на стратешки партнер за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10д со што изведувачот Бехтел и Енка нема да треба да плаќа даноци и царински давачки.



„Со предлозите за измена и дополнување се овозможува поедноставување на прометот и ослободување од данок на додадена вредност и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги кој е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер како и прометот кон Стратешкиот инвеститор за цели на проектот од овој закон“, се вели во предлогот.

На конзорциумот ќе му следува ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки, нема да ја плаќа акцизата за гориво како и данокот на моторни возила. Законот ќе се носи по скратена постапка. Поставен е на собранискиот дневен ред уште на 10 април.

„Со предлозите за измена и дополнување се овозможува поедноставување на прометот и ослободување од данок на додадена вредност и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги кој е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер како и прометот кон Стратешкиот инвеститор за цели на проектот од овој закон. Исто така со предлозите за измена и дополнување се предвидува ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки и данок на моторни возила („pick-up“ возила) на увозот кој е извршен од страна на Стратешкиот партнер за цели на пректот опишан во законот“, се вели во образложението.

Линк до целиот текст.