Демонстрантите во Париз нападнаа еден од омилените ресторани на францускиот претседател Емануел Макрон, додека продолжуваат тензиите околу контроверзните пензиски реформи.



Полицијата за борба против нереди мораше да формира барикада околу бистрото Ла Ротонд, кое накратко беше запалено, јави Би-Би-Си.

Четврток беше 11-тиот ден на немири од јануари, поради законот со кој се зголемува старосната граница за пензионирање за две години, од 62 на 64 години.

Земјата ја чека одлуката за важноста на законската регулатива следната недела.

Макрон моментално е во Кина за да се сретне со претседателот Си Џинпинг.

Немирите, заедно со штрајковите, предизвикаа прекини низ цела Франција, а во четвртокот повторно се одржаа демонстрации низ целата земја.

„Сè уште не сме се откажале и немаме намера“, рече јавниот службеник Дејви Кретиен (50), цитиран од новинската агенција АФП во Марсеј.

Во Париз демонстрантите фрлаа камења, шишиња и бои врз полицијата во Ла Ротонд – познато кафуле во кое посетуваат личности меѓу кои и шпанскиот уметник Пабло Пикасо.

Макрон и неговиот тим токму таму славеа таму по неговата изборна победа во 2017 година.

Претходно, железничарите кои штрајкуваа упаднаа во поранешната централа на банката Кредит Лион, во која сега се сместени инвестициската компанија БлекРок и други фирми.

Полицијата во Париз синоќа употребила палки, солзавец и шок-бомби за да разбие толпа демонстранти кои протестирале против пензиските реформи. Полицијата со полна опрема ги нападнала демонстрантите кои на плоштадот во центарот на Париз запалиле плински канистри.

Министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманин соопшти дека полицијата уапсила вкупно 111 лица, како и дека во судирите со демонстрантите биле повредени 154 полицајци. Тој изјави дека само во Париз се приведени 45 лица, а ранети се 77 полицајци.