Ковачевски почна да добива ,,лајкови” од сожалување

Премиерот Ковачевски стана предмет на сожалување на социјалните мрежи откако и покрај огромните пари што ги фрла за промоција добива многу мала поддршка.



Дел од ,,твитерџиите” почнаа да му стават ,,лајкови” од сожалување откако забележале дека Ковачевски не може да добие ни десет лајка на своите постови во кои се фали и тврди дека постигнал позитивни резултати во работата како премиер.

,,Еве ти и еден лајк 🖕од мене.
Срамота е едно вакво “премиериште “ко тебе само 3 лајка да има!🤣🙃🤑”, коментира еден твитерџија откако Ковачевски имал само два лајка со часови на фалбата дека владата била успешна во обезбедување на струја.

Ковачевски потрошил фантастични 26 илјади евра само за 100 дена пропаганда на социјалните мрежи.