Скандал на повеќе нивоа на владината прослава ,,30 години Македонија во ОН”, која се одржала во фоајето на министерството за надворешни работи.
За време на говорите и изложбата по повод 30-та годишнина од членството на Република Северна Македонија во Обединетите Нации (8 април 2023) бил бојкотиран односно не бил споменат единствениот Македонец кој што бил на чело на светската организација.
Скандалот започнал откако на настанот како говорник не бил поканет Срѓан Керим а потоа ниту во двата говори никој не спомнал дека Македонија имала Претседател на 62-то Генерално собрание на ООН.
Иако непоканет како говорник Керим сепак се одзвал на поканата да биде гостин и присуствувал на настанот на кој бил практично понижен од сопствената држава која го номинираше за прв човек на Генералното собрание на ОН.
Според македонскиот протокол Керим како екс претседавач со ГС на ОН треба да има статус на врвен државен функционер.
Да биде апсурдот поголем Керим е дел од Стратешкиот совет за надворешна политика на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Скандалот е уште поголем затоа што на настанот воопшто не биле викнати сите амбасадори кои што биле шефови на мисиите во Њујорк, Женева и Виена каде се наоѓаат седиштата на светската организација низ светот.
Но затоа на настанот бил присутен екс министерот за надворешни работи Александар Димитров кој го призна Тајван по што Македонија во ОН доби вето од Кина за мисијата УНПРЕДЕП која веднаш беше укината а по неа почна и конфликтот во Макеоднија.
Заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки во нејзиното обраќање ја истакнала важноста од членството на земјата во семејството на Обединетите нации без воопшто да спомене дека Македонија го имала првиот човек на Генералното собрание кој стоел пред неа во публиката.
,,Македонија докажа дека со дипломатија и дијалог, со разбирање, толеранција и по пат на компромис, можат да се решат и најтешките прашања и да се придобијат нови пријатели и сојузници.
Продолжуваме да ги развиваме односите со земјите членки на ООН, со цел јакнење на ефективниот мултилатерализам, во функција на обезбедување на мир, стабилност, развој на демократијата и човековите права, економски и социјален просперитет на регионално и глобално ниво”, изјавила Исаки заборавајќи да каже дека Македонец бил прв човек на ГС на ОН.
Срѓан Керим е единствениот Македонец кој ја претставувал Македонија како прв човек на генералното собрание на ОН.
Предходно во 1977-78 година и Лазар Мојсов но како претставник на Југославија бил на чело на ГС на светската организација.






