Македонија со 550 евра ја има најниската просечна плата од земјите на Балканот. И оваа сума за жал ретко кој ја зема, зашто т.н. газди сакаат да си играат мајтап со работниците. Просечната плата во Црна Гора е највисока и изнесува 757 евра. Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на социјалните мрежи се пофали со резултатите истакнувајќи дека земјата е на вистинскиот пат, а програмата ги дава посакуваните резултати.

Словенците, Хрватите, Црногорците, Србите и Босанците имаат повисоки просечни плати од Македонците. Македонија e меѓу земите со најниска просечна плата на Балканот. Словенија и Хрватска имаат просечна заработка поголема од 1.000 евра.

Во Србија просечната плата изнесува 706 евра, додека во Босна и Херцеговина 617 евра. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33 943 денари.





