Ковачевски го почитува Уставен: Одлуката за платите е конечна

„Одлуката на Уставен суд со која се укинуваат одредби од законот за плата е конечна и треба да се почитува. Тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица. Се работи за шпекулации во најголем дел“, порача премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.



Иако се најавуваше брза одлука за промена на коефициентите за да се избегне енормното зголемување на функционерските плати и до 78 проценти, Премиерот денеска ретерираше и најави дека решението ќе се бара со новиот закон за плати во јавниот сектор, а кога тој ќе се донесе бидејки се уште е во нацрт фаза за сега никој не може да прогнозира, пренесе Дојче веле.

Кога ќе биде однесен законот и колку плати ќе земат функционерите Ковачевски точно не кажа. Вели не си ги покачиле сами платите, туку тоа е резултат на одлука на Уставен суд која не сакаше да ја коемнтира, пренесе Телма.

Одговарајќи на новинарско прашање, по повикот на претседателот Стево Пендаровски да не се покачуваат платите на функционерите во време на криза, Ковачевски вели.

„Владата работи на изработка на нов закон за плати во кој ќе има конзистентност за сите функционери. Владата работи и на изработка на нов општ колективен договор. И минималната и просечната плата, како и висината на пензии е на највисоко ниво досега. Секој граѓанин треба да живее достоинствено и да му се вреднува трудот“, рече тој.

Ковачевски објасни дека Владата останала на своето мислење дека платите треба да останат такви какви што се.

Според него, доколку Уставниот суд ги поништел (а не само што ги укинал) членовите од овој закон, тоа ќе значело дека на сите избрани функционери во изминатите 11 години, ќе требало да им се исплатат разликите во плата, со камати, што ќе предизвикало трошок за буџетот од 100 милиони евра…

.