Црна Гора наскоро дел од Отворен Балкан?

Со заминувањето на Ѓукановиќ отстранети се пречките

Со заминувањето на најдолговечниот балкански владетел Мило Ѓукановиќ, Црна Гора, меѓу другото, ја отстрани и најголемата пречка за нејзиниот влез на Отворениот Балкан. Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека регионалните економски интеграции се нераскинлив дел од евроинтеграциите и најави дека идната влада, која Црна Гора ќе ја добие по изборите на 11 јуни, ќе се занимава со приклучување кон Отворениот Балкан.



Претседателот на Центарот за проучување на глобализацијата Дејан Милетиќ за Курир вели дека влезот на Црна Гора на Отворениот Балкан е пред се во интерес на нејзините граѓани.

– Мислам дека тоа ќе биде еден од првите добри потези што ќе ги преземе Црна Гора по победата на Милатовиќ. Оваа иницијатива нема кочници и е проект поддржан од Америка, а знаеме дека американското влијание во Црна Гора е доста изразено. Нема оправдување овој проект да не заживее во уште поголем капацитет. Економијата и соработката во регионот се приоритет на сите регионални држави, бидејќи во услови на криза, ако не сме подготвени да соработуваме и да си помагаме, ќе бидеме многу послаби. Мислам дека таа свест постои и кај Милатовиќ – рече Милетиќ.