Државната компанија која управува со електропреносниот систем и ја одржува високонапонската мрежа МЕПСО ќе купува струја за 1 милион евра која е наменета за задоволување на сопствените потреби за електрична енергија.
Договорот за набавка на струја за сопствена потрошувачка предвидува МЕПСО во период од почеток на април па до крај на септември годинава да потроши до 1 милион евра (со вклучен ДДВ). Струјата ќе ја набави од ЕСМ Продажба фирмата ќерка на државниот брат (со струја) ЕСМ.
За сите набавени количини на струја МЕПСО ќе плаќа берзанска цена постигната на унгарската берза ХУПЕКС (месечна просечна цена за мегаватчас постигната на таа берза). За својата услуга ЕСМ Продажба ќе наплати трговска маржа од 5 отсто на фактурираната цена на струјата.
Целиот текст на Фактор.мк.






