Поставувањето на Артан Груби за координатор за спроведување на грандиозниот проект, за кој граѓаните ќе одвојат над 1,6 милијарди евра (автопатите што треба да гои гради „Бехтел и Енка“), само ги потврдува сомнежите за корумпираност на власта во целина и подготовка за грабеж со огромни димензии – реагира Демократски сојуз со соопштение.
„Го повикуваме премиерот Димитар Ковачевски да ја преиспита и да ја повлече одлуката за назначување на Артан Груби за координатор на проектот. Државните институции да го истражат овој проект и коруптивните елементи поврзани со него и да отворат кривично правен процес против инволвираните во криминал. Инсистираме Државниот завод за ревизија да направи вонреден надзор и да ги провери сите досегашни активности на власта поврзани со коридорите 8 и 10 д, како и проектот во целина и вклучувањето на „Бехтел и Енка“, со директна спогодба.
Тоа го бараме за да се спречи грабеж и по којзнае кој пат“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.






